Словенечката Влада планира да побара дополнителни објаснувања од Германија и Австрија за потезите кои планираат да ги преземат на границите во врска со секундарните миграции, соопшти словенечкото Министерство за внатрешни работи.
Соопштението доаѓа откако Германија објави дека ќе изгради центри за мигранти на границата со Австрија, а официјална Виена дека ќе воведе дополнителни мерки за да ги заштити своите граници со Словенија и Италија.
Словенечкото МВР во соопштението истакнува дека не е информирано за плановите што ги објавиле двете земји, како и дека словенечката полиција ефикасно ја контролира шенгенската граница.