Словенечкото државно обвинителство подигна обвинение против десничарскиот политичар и лидер на „Штаерска гарда” Андреј Шишкo, кој го товари дека со паравоената групи повикувал на промена на уставниот поредок, соопшти денеска обвинителството на Марибор.
Шишкo е во притвор од септември, а беше уапсен откако на социјалните мрежи покажа видео снимка, на која припадниците на неговата паравоена група, од кои некои на снимката беа вооружени, ги повикуваше да се постројат и да ги соборат највисоките претставници на власта.
Обвинителите денеска соопштија дека го обвинуваат Шишко за поттикнување на акти против уставниот поредок.
Шишко е поранешен водач на навивачи, познат по своите антиимигрантски ставови. Тој е шеф на непарламентарната партија Обединета Словенија. На претседателските избори во 2017 година, Шишко освои 2,21 отсто од гласовите.
Тој, исто така, се кандидираше за градоначалник на Марибор од притвор минатиот месец, кога освоил 1,43 отсто од гласовите.