Словенечката полиција почна предупредувачки штрајк

478

Полицијата во Словенија денеска почна предупредувачки штрајк заради што дојде до забавување на сообраќајот, пред се, на граничните премини.

Штрајкот, според најавата, ќе трае од 8 до 12 часот, а заради него  се формираа колони од камиони на граничните премини Брегана/ Обрежје и Грушковје/Мацељ, каде се чека повеќе од два часа, пренесува загрепски Индекс.

– Засилено е излегувањето на товарните возила на граничниот премин Брегана, а колоната е долга околу три километри, наведе Авто мото сојузот на Хрватска.

Полицијата почна штрајк заради, како што наведува, неисполнетите ветувања на владата за зголемување на платите и другите услови, меѓу кои и за платената работа во трета смена.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...