Словачка повторно на нозе поради убиениот новинар

209
EPA/MATEJ KALINA

Повеќе илјади лица протестираа денеска во различни делови на Словачка поради убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница.

Демонстрантите во Братислава и во други градови во Словачка бараат темелна и независна истрага за двојното убиство, кое се случи на 21 февруари.

Тие бараат смена на началникот на националната полицијата Тибор Гаспер, за што имаат поддршка и од претседателот Андреј Киска.

Трипартиската коалиција предводена од премиерот Роберт Фицо поднесе оставка по масовните улични протести, организирани по убиството на Куциак. Потоа, заклетва положи новиот Кабинет, составен од членовите на истите три партии, предводен од Петер Пелегрини, кој претходно беше вицепремиер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...