Моне (1840-1926) својата серија со сеното од 25 платна (Les meules), ја насликал недалеку од својот дом во француското село Живерни, од летото 1890. до скоро истиот период наредната 1891 година.
Сликата од 1890. е продадена на аукција на импресионизмот и модерна уметност вчеравечер. Од Сотби’с соопштуваат дека ова е рекорд за дело од овој уметник и прво импресионистичко дело што ја надминало бројката од 100 милиони долари на наддавање.
Претходните сопственици сликата ја купиле 1986 година за 2,53 милиони долари. Сотби’с не посочи никакви податоци за новиот купувач.
Само осум примероци од серијата се во приватна сопственост. Останатите 17 сè уште се чуваат во музеи како што се њујоршкиот Метрополитен и Уметничкиот институт во Чикаго.