Следната година нови банкноти од 100 и 200 евра

Новите банкноти ќе бидат многу тешки за фалсификување.

169

Нови банкноти од 100 и 200 евра треба да бидат во промет од 28 мај следната година, објави денеска Европската централна банка (ЕЦБ).

Изгледот на новите банкноти ќе биде прикажан денеска попладне, соопшти ЕЦБ преку Твитер.

Новите банкноти ќе бидат многу тешки за фалсификување. ЕЦБ веќе објави подобрени банкноти во апоени од пет, 10, 20 и 50 евра. Банкнотата од 500 евра повеќе нема да се печати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...