Неодамна, во Скопје, на конференција посветена на ознаките за квалитет на земјоделските и прехранбените производи, во организација на Слоу Фуд Битола, Еко Росалес и Слоу Фуд Водно, ја сретнавме и неа – Гуна Маркова.
Таа потекнува од земјоделско семејство, а најпозната е како производител на слатко од зелени, односно, диви смокви и дел од здружението Еко Росалес. Станува збор токму за здружение на производители на слатко од диви смокви кое се произведува во југоисточниот регион во чиј состав се вклучени општините Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Слаткото е и првиот Слоу Фуд президиум од Република Македонија, на светската листа на еколошки чисти производи на меѓународната фондација „SLOW FOOD“.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.