Порано имав 115 килограми. Никогаш не издржав ниедна диета, зашто секогаш чувствував глад, исцрпеност и замор. Липосукциската исхрана беше мој експеримент кој се покажа успешен. Загубив 40 килограми и го променив изгледот до таа мера што морав да ги сменам и личните документи, вели Кенан Мандра, автор на липосукциската диета.
Приказната почнала пред десет години, на југот на Италија, кога Мандра и членовите на компанијата International Health ја истражувале исхраната на жителите на селото Пjопи (Салерно), кое е признаено од страна на UNESCO како дом на медитеранската исхрана и како најздраво село во светот.
– Жителите на Пјопи познати се по тоа што живеат повеќе од 100 години, па се насочивме токму на намирниците кои тие ги користат. Предвид ги зедовме сите препораки и стандарди за нутритивните и енергетски потреби на организмот препорачани од Европската агенција за сигурност на храната, а во протоколот вклучивме природни помошни средства за слабеење, како што се аминокиселините и диетните влакна од билката коњак глукоманан, чија ефикасност е одобрена од Европската агенција за сигурност на храната – објаснува Мандра.
Самиот Мандра одлучил да го испроба на себе протоколот и се случи чудо. За нешто повеќе од два месеца неговите 40 килограми вишок, исчезнаа. Тоа бил екстремен експеримент, но ризикот се исплател. Лекарските наоди биле одлични, а што е најважно, килограмите не се вратиле.
Поради големата трансформација имал „проблеми“ на државните граници. Бидејќи често патувал, имал расправии на границите, го задржувале за да проверат дали е истата личност – во автомобилот и на пасошот. По објаснувањата и доказите од фотографиите на мобилниот телефон, сѐ се претворало во воодушевување.
– Кога почнав да проучувам зошто телото складира масти како извор на резервна енергија, а не шеќери, тогаш сфатив дека мастите, одобено холестеролот, се нашата есенцијална природна храна без која не можеме. А бидејќи не конзумираме од нив доволно, телото е присилено постојано да ги произведува, па доаѓа до дебелеење – додава нутриционистот Мандра.
Конкретен пример кој треба да се следи е лебот и житарките да се заменат со зеленчук, со додавање на маслиново масло. Темелот на исхраната треба да биде зеленчукот, протеините (месото, јајцата), но и полномасните сирења. Мандра нагласува дека најпосакувана е природната храна, во изворна форма, но и преработената на традиционален, а не на индустриски начин.
Од исхраната мора да ги исфрлите шеќерите, вклучувајќи ги и овошните, житарките, производите од житарки, индустриските билни масла, маргаринот и сојата. Ако храната е ваш лек, тогаш тоа нека биде маслиновото масло, путерот, јајцата, полномасните сирења, кефирот, домашните сувомеснати производи, месото, особено јагнешкото и рибата.
Со придржување до зададените намирници и до протоколот на исхрана, се препорачува и конзумирање на додатоци во исхраната кои се сто отсто природни.
Третманот се состои од комбинација на помошни средства за слабеење – аминокиселини и растителни влакна (LIPO alpha и LIPO beta) и медитеранска исхрана.
– Коњак-глукомананот е препознаен и признаен од Европската агенција за сигурност на храната како состојка која значително помага во слабеењето и во контролата на холестеролот. Состојката е одобрена и од Американската државна агенција за храна и лекови. Аминокиселините се есенцијални хранливи материи кои се веќе присутни во храната што ја јадеме (месо, јајца, риба и друго), а кај липосукциската исхрана тие се користат природни, на пример, од млечна сурутка – појаснува Мандра.
Во пракса се покажа дека со еден третман од две недели се губи 7 до 10 отсто од почетната телесна тежина. Тоа што е ново и револуционерно е дека протоколот не поддржува стереотипи и насоки стари неколку децении, туку се води според нови насоки за енергетска и нутритивна потреба на организмот, како и според новите идеи како да се пристапи на проблемот со прекумерна тежина.
Во текот на протоколот за липосукциска исхрана, не се менуваат биохемиските параметри на организмот, туку се користи природниот метаболизам за да се активираат масните резерви од организмот и да се искористат како извор на енергија.
Советувалишта и центри за липосукција има и во Загреб, Љубљана, Букурешт, Белград, Софија, Москва… Центарот на „Интернешнл хелт“ во Скопје дава бесплатни совети на телефоните 02 3151714, 070 535033 под раководство на д-р Валентина Крстевска.
(промотивен текст)