Сланината на Гаврилоски ѝ донесе на Македонија уште едно злато

Дамјан Гаврилоски од Гостивар минатиот месец беше на 32.Сланинијада во Качарево и по трет пат од таму се врати со златен медал за најдобра традиционална сланина во конкуренција од 350 производители од целиот свет.

824

Сланинијадата во Качарево (Панчево, Република Србија) има статус на светска гастрономска манифестација затоа што на неа својата сланина ја изложуваат производители од сите краеви на светот. Така посетителите можат да пробаат сланина од Кина, Франција, Германија, Америка, Португалија, Романија, како и од сите земји во регионот.

Претставници од многу земји веќе 32 години по ред доаѓаат во ова мало војводинско село за да ги „вкрстат“ своите сланини на најголемата манифестација посветена на овој специјалитет.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...