Сламки од тестенини како алтернатива за пластичните

Пластичните сламки се лош еколошки избор, изработени се од пластика која не се распаѓа лесно, а со оглед на тоа што осум милиони тони пластика секоја година завршуваат во океаните, секоја промена е добредојдена. Тоа може да биде оваа верзија на сламки од тестенини.

427

Food & Wine пишува дека постојат веќе неколку алтернативи како што се метални, хартиени или бамбусови, но овие се единствена јадлива верзија.

Лондонскиот Stroodles и The Amazing Pasta Straw со седиште во Малибу ја продаваат својата верзија повеќе од една година. Сламките се во основа неварена рамна цевчеста тестенина. Но, оваа тестенина има малку поубав изглед од просечната. Оснивачот на Stroodles Максим Гелман дури споменал дека луѓето можат со нив да тропаат без да се скршат. Stroodles се обидуваат да се пробијат на пазарот, додека Amazing Pasta Straw, која ја основал Боб Морис веќе се наоѓа во бројни ресторани.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Stroodles

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...