Food & Wine пишува дека постојат веќе неколку алтернативи како што се метални, хартиени или бамбусови, но овие се единствена јадлива верзија.
Лондонскиот Stroodles и The Amazing Pasta Straw со седиште во Малибу ја продаваат својата верзија повеќе од една година. Сламките се во основа неварена рамна цевчеста тестенина. Но, оваа тестенина има малку поубав изглед од просечната. Оснивачот на Stroodles Максим Гелман дури споменал дека луѓето можат со нив да тропаат без да се скршат. Stroodles се обидуваат да се пробијат на пазарот, додека Amazing Pasta Straw, која ја основал Боб Морис веќе се наоѓа во бројни ресторани.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Stroodles