Бијонсе е една од најголемите ѕвезди на денешницата и сигурни сме дека досега веќе имала „непријатни средби“ со обожавателите. Меѓутоа, нејзиниот последен обожавател успел потполно да го збесни интернет. Станува збор за актерот Омар Хардвик кој пејачката ја сретнал на доделувањето на наградите НААСП.
Актерот бил мошне воодушевен од средбата со Бијонсе па одлучил два пати да ја бакне. Додека првиот бакнеж изгледал релативно вообичаено, вториот неспретно паднал покрај нејзините усни. Бијонсе се збунила, а нејзиниот говор на телото оддавал дека ѝ е многу непријатно. Нејзиниот сопруг Џеј Зи стоел покрај неа.
Снимките од видеото кои го прикажуваат оваа блиска средба на актерот и пејачката во рекорден рок почнаа да кружат по Твитер. И обожавателите нималку не сочувствуваа со потребата на Омар Хардвик да ја бакне Бијонсе.
„Ова е одвратно!“, напишал еден обожавател.
Многубројни жени сочувствувале со збунетата пејачка.
this nigga Omari Hardwick really kissed Beyoncé on her mouth. I want him in prison. QUICKLY! pic.twitter.com/20Ep6TTpfF
— 𝖙𝖍𝖊𝖊 𝖘𝖙𝖆𝖑𝖑𝖎𝖔𝖓™ (𝘻𝘷𝘥𝘥𝘺𝘰𝘯𝘤𝘦) (@yoncedastallion) March 31, 2019