Славниот актер се ожени пијан, за после три дена да се покае, но сопругата сега бара алиментација

Штом признал дека бил толку многу пијан и не знаел дека се жени, веројатно сфатил дека не потпишал ниту предбрачен договор пред да рече „да“.

1122

Контроверзниот актер Николас Кејџ неодамна се разведе од Ерика Коико, со која склопи брак во Лас Вегас минатиот месец.

Брачната среќа траела само три дена, за потоа актерот да побара да се поништи бракот од една едноставна причина – „не се сеќава дека се венчал, бидејќи бил пијан“.

Меѓутоа тоа не е крај на сагата, бидејќи Ерика Коике, поранешната жена на Николас Кејџ сега бара алиментација на суд.

Коико наводно од судот побарала да не се согласи на барањето на актерот за поништување на бракот и навела дека пред склопувањето на бракот била во љубовна врска со Кејџ една година, како и тоа дека актерот после прилично јавниот развод и се јавил и барал да се помират.

Штом признал дека бил толку многу пијан и не знаел дека се жени, веројатно сфатил дека не потпишал ниту предбрачен договор пред да рече „да“.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...