Стотици илјади луѓе се обидуваат да отпатуваат од главниот град на Кина, Пекинг. Годината на свињата почнува утре (4 февруари) и милиони луѓе ќе ја дочекаат во кругот на своите семејства.
За многу Кинези кои работат во големите градови, овој национален празник познат и како „Пролетен фестивал“, е ретка можност да се упатат на долг пат и да им се вратат на своите семејства во руралните и оддалечени области на Кина. Од 4 февруари сите Кинези во Кина, но и ширум светот, ќе бидат на седумдневен одмор.
Во чест на Кинеската нова година, славната видео блогерка за храна на најпознатата кинеска интернетска страница Weibo, Ли Зикаи, која има 1 милион и 831.709 следбеници, подготви закуска која ќе им ја подари на своите најверни следбеници.
Видеото можете да го видите на порталот „Арт кујна“.
Фото: Фејсбук