– Австралискиот министер за финансии Скот Морисон ќе биде нов премиер на таа држава откако денеска доби поддршка на интерно гласање за лидерство на Либералната партија.
Изборот на Морисон е релативно изненадување за поранешниот министер за внатрешни работи Питер Дутон кој водеше конзервативен бунт против досегашниот премиер Малколм Турнбул.
На интерното гласање во партијата, Морисон доби 45 гласови, а Дутон 40. Кандидат беше и министерката за надворешни работи, Џули Бишоп, но беше елиминирана во првиот круг.
Турнбул побара гласање во партијата откако прими петиција во која се бара негово заминување, потпишана од мнозинство од Либералната партија.
Морисон ќе биде седми австралиски премиер за 11 години. Ниту еден шеф на владата од 2007 година не издржа цел мандат.
ФОТО: EPA/STEFAN POSTLES