Во Градски Парк во петок во 17 часот, по шести пат, ќе се случи Скопје Стрит Фестивал. Фестивалот е отворен, без карти, и оваа година вклучува пет стејџа: графити, стрит бол помеѓу познати скопски кафулиња, денс стејџ, музички стејџ, отворени до 9-ти јуни, 1 часот по полноќ. Организатор е агенцијата за организирање настани Подиум.
Организаторите најавуваат одлично, шесто издание, со огромен број на креативни, забавни и едукативни концепти, врзани на една платформа која урбано го буди Скопје. Скопје Стрит Фестивал во изминатите шест години беше домаќин на повеќе од 200 артисти од Македонија, регионот, а и од светот и повеќе од десетици илјади посетители.
На ова шесто роденденско издание на главен музички стејџ ќе имаме можност да ги видиме Funk Shui, САФ со 20 години Скопска Ситуација и виртуозниот продуцент Кирил Џајковски заедно со MC David Lion. Програмата е надополнета со супер листа на македонски диџеи меѓу кои: Чваре, Маци, Флудер, Мартин Војдановски, Страјк.
Не го пропуштајте шестото издание на единствениот Скопје Стрит Фестивал.
Голем број на социјално одговорни компании и институции се дел од Скопје Стрит фестивал, меѓу кои: Град Скопје, Министерство за Култура, Win Music Freedom Македонија, Скопско, Шпаркасе Банка, Кино Карпош, Диферент, Биг Саунд, Сити радио, Скопје Даунтаун Хостел. Тие, заедно со Вас, оставаат печат на урбано Скопје.