Скопје попладнево го зафати невреме

920

Од тропска температура во текот на целиот ден, попладнево Скопје беше зафатено од пороен дожд, силен ветер и град. Во некои делови од главниот град улиците се преплавени од наврнатиот дожд.

Синоптичари предупредија дека поради големата енергија во атмосферата можна е и изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер.

Според УХМР, сè уште има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, наместа и во форма на невреме.

Услови за нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и утре попладне.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...