Скопјанка починала откако се заглавила во лифт со екипата на Брза помош што ја носела на клиника

2993

При интервенција на повик на улица „Никола Парапунов“ за укажување на лекарска помош на Л.Т (68) од Скопје, кога екипата на Итната медицинска помош се обидела да ја пренесе во комплексот клиники „Мајка Тереза“, лифтот се заглавил и пропаднал во подрумскиот дел од зградата, a пациентката Л.Т починала.

Ова ноќеска во 00:23 часот во СВР Скопје го пријавил доктор од Итна медицинска помош.

Како што соопшти МВР, на местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...