Андријана Илиоска (18) од Скопје ја освои титулата Мис на Медитеранот 2018, на интернационален избор за убавина кој се одржа во Киренија, Кипар. Андријана на Кипар замина како членка на модното студио „Црнокрак“, носител на лиценцата за овој избор за Македонија.
Ова е петти пат како на овој интернационален избор за убавина победува девојка од Македонија.
Пред три недели, уште една манекенка, членка на „Црнокак“, освои меѓународна титула. Симона Станковска во Истанбул стана „Мис Глобал Евроазија старс“.