Осум интервенции кои успешно завршиле имала територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во текот на новогодишната ноќ.
Од ТППЕ за МИА изјавиле дека нивните дежурни екипи интервенирале во гаснењето на пожар во дуќан, тераса, штала….
Причинета е материјална штета, а само во еден случај има повредено лице кое најверојатно користело пиротехнички средства.
„Во 23:00 часот при дојава за пожар на ул. Крсте Мисирков позади 26 Јули Бит Пазар на тераса од употреба на Пиротехнички Ракети настанат е ПОЖАР во кој спасен е сопственикот кој беше во бесознание. Одма е повикана екипата на Брза Помош која го пренесе повредениот. БППЗ-Скопје укажува дека и покрај апелите за правилна употреба на пиротехника, тоа без упатство е опасно“, напишаа од Пожарна Скопје на својата фејсбук страница.