Скопските градинки од утрово не смеат да примаат невакцинирани деца

352

Скопските градинки од утово не смеат да примат деца кои не ја примиле МРП вакцината.

Забраната во градинките да се примаат невакцинирани деца од мали сипаници вчера ја донесоа здравствените власти откако деца заразени од морбили има во речиси сите скопски општини.

Во Скопје е прогласена епидемија на мали сипаници откако изминатите два дена биле регистрирани 12 случаи на морбили од кои 6 и официјално биле потврдени а за останатите денеска се чекаат лабораториските резултати.

Од Здравствениот санитарен инспекторат очекуваат градинките да ја почитуваат наредбата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...