Вкупено половина милион евра е фондот кој државата планира да го потроши за наградната игра МојДДВ #МојаНаграда која почнува од 15 декември. За една година колку ќе трае оваа наградна игра ќе се доделат 3.852 награди, а доделувањето ќе оди дневно месечно и годишно.
Ова денеска го соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска која рече дека главна цел на наградата е да се намали сивата економија.
– Граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе имаат трикратна корист, прво ќе имаат шанса да добијат една од 3.852 парични награди, во вкупен фонд од половина милион евра, второ ќе добиваат поврат на ДДВ и трето ќе придонесуваат во борбата против сивата економија, а кога губи сивата економија, сите добиваме. Ќе им порачам на сите граѓани да бараат фискални сметки, да скенираат, бидејќи секоја фискална сметка е важна – рече Ангеловска.
Според она што е планирано, награда ќе добијат 182 играчи односно граѓаните кои ја користат апликацијата МпјДДВ, односно кои скенираат фискални сметки и ги прифатиле условита на наградната игра.
– На апликацијата ќе се појави известување за наградната игра МојДДВ #МојаНаграда каде што лицето ќе треба да ги прифати условите за учество. Откако ќе се прифатат условите, со секоја скенирана сметка лицето може да стане потенцијален добитник на една од десетте дневни награди, месечните или една од премииите – рече Ангеловска.
Дневните нагарди граѓаните, како што сооопшти таа, ќе ги дознаваат веднаш штом скенираат сметка, бидејќи на екранот на нивниот мобилен телефон ќе се појави информација дека добиле награда со добиениот износ.
Во месечните награди не учествуваат фискалните сметки кои веќе биле наградени, односно учествуваат недобитните сметки.
– Недобитните скенирани сметки добиваат сериски број кој ќе учествува за извлекување во тековното коло за 15 награди од 100.000 денари, како и за двете главни премии – појасни Ангеловска.
Извлекувањето на месечните награди ќе се реализира на почетокот на месецот, а добитниците ќе бидат повикани во Државната лотарија за да се легитимираат.
– Граѓаните кои ќе бидат наградени нема да плаќаат данок, бидејќи тој е веќе пресметан – информира Ангеловска.
Планирано е дневно да се доделуваат вкупно 10 награди од кои 4 по 1.000 денари, 3 од по 2.000 денари и 3 од по 3.000 денари.
На месечно ниво ќе бидат доделени 15 награди од по 100.000 денари, а два пати во годината во март и декември ќе бидат доделени главните награди (премиите) од по 3.000.000 денари.
Главен критериум за учество на наградната игра е успешно скенирана сметка. Во наградната игра учествуваат сите фискални сметки па дури и оние со 0 денари уплатен Данок на додадена вредност.
– Извлекувањето ќе се извршува со електронски генератор по случаен избор – појасни Ангеловска.
Директорката за комуникации на Државна Лотарија Камелија Левенска соопшти дека извелкувањето на наградите од по 100.000 денари и премиите од 3 милиони денари ќе се одвиваат во живо на Канал 5.
– Во тек на 13 емисии во 2020 година ќе имаме можности за давање награди преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда. Месечните извлекувања на 15 награди од по 100.000 денари ќе се реализираат на почеток на секој месец по Лото емисиите, почнувајќи од првото извлекување на 4 јануари – рече Левенска.
Наградната игра МојДДВ #МојаНаграда ќе се одвива под мотото: „Секоја фискална сметка е важна“.