Скандал: Српски поп меѓу ожалостените наздравувал со ракија и запеал ВИДЕО

Eден Шапчанин присуствувал тој ден на погреб и ручек после последното испраќање, кое било организирано во исто време во Парохискиот дом, само кат подолу.

176

Откако е обелоденета снимката од парохискиот дом на црквата на Свети Василие Острошки во Шабац, на која се гледа како собраните пеат народњаци со пејачка и музика, додека свештеник цело време снима со телефон, се јавиле огорчените граѓани кои таа журка директно ги повредила и го оскврнавила поменот за нивните најмили, пренесува српски „Ало!“.

Имено, еден Шапчанин присуствувал тој ден на погреб и ручек после последното испраќање, кое било организирано во исто време во Парохискиот дом, само кат подолу.

„Тажно е тоа што го прават. Се собравме по погребот за во тишина да го испратиме починатиот, но музиката од катот погоре беше толку гласна! Само 5.000 динари е платен закупот на таа сала и тоа без храна. Бевме шокирани, а уште кога свештеник се спушти во видно алкохолизирана состојба и зема ракија да наздрави за покој на душата, па и наздрави со присутните, не можевме да веруваме што се случува“, навел соговорникот за „Курир.рс“

Тој додал дека такви собирања се случуваат секоја сабота и почнуваат во 9–10 часот наутро и траат цел ден.
„Не знаеме како да ги запреме, страшно e што сè се случува“, заклучил сведокот.

 

ФОТО: Printscreen/Youtube

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...