Синот на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам и неговата девојка Хана Крос направиле скандал во еден елитен ресторан за време на Филмскиот фестивал во Кан.
Според написите во странските медиуми, прво порачале пијалаци, а потоа почнале жестоко да се расправаат. Врескале еден на друг, се навредувале, а во еден миг, Хана го зела мобилниот телефон и му cвртела грб на Бруклин.
– Минувачите беа шокирани кога видоa дека Бруклин и Хана се расправаат пред сите. Во еден миг, таа почна да вреска и да плаче, иако седеа на отворено – открива извор за „Сан“.
Ова не е првпат Хана и Бруклин да се расправаат во јавност, што ги вознемирува неговите родители.
FOTO: Instagram/Printskrin
FOTO: EPA-EFE-GUILLAUME-HORCAJUELO