Во Собранието на Црна Гора синоќа се случил инцидент, по кој што црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како што пренесуваат црногорските медиуми, избегал од салата.
Седницата била прекината и претседателот на Собранието на пратениците им дал пауза.
Сите 17 пратеници од опозицијата биле уапсени синоќа, после инцидентот во Собранието. Пратеникот Милан Кнежевиќ е повреден, додека останатите пратеници се добро.
До конфликтот дошло поради гласањето на амандманите на опозицијата на предложените Закони за слобода на вероисповед, за кои сметаат дека се насочени против Српската православна црква.
ФОТО Принтскрин