Сопругот на убиената Џо Кокс рече дека се почувствувал одвратно откако Борис Џонсон кажал оти најдобар начин да ѝ се оддаде почит на Кокс, е со Брегзит, пренесува „Метро“.
Кокс беше убиена од маж со екстремно десничарски симпатии за време на кампањата за референдум за ЕУ во 2016 година.
– Се почувствував одвратно кога името на Џо се спомна во овој контекст. Најдобар начин да ѝ се оддаде почит на Џо е ако сите нас (без разлика на нашите гледања) се бориме за тоа во што веруваме, страсно и одлучувачки – рече сопругот на Кокс.
ФОТО: EPA / JESSICA TAYLOR / UK PARLIAMENT /