Кампањата на премиерот на Канада, Џастин Трудо, за националните избори доживеа удар кога вчера се појави фотографија од него со кафеаво лице на забава во 2001 година, пренесува „Метро“.
Магазинот „Тајм“ ја објави фотографијата, која била објавена во приватно училиште во Британска Колумбија, каде Трудо работеше како професор пред да влезе во политиката.
Костимот на Трудо бил инспириран од Аладин.
– Бесен сум на самиот себе, разочаран сум – рече Трудо за репортерите кои патуваат со него во неговиот авион.
ФОТО: Метро