Скандалозна реакција на Џеј Ло кога нејзиниот телохранител ќе прегазеше фотограф

Џенифер Лопез и Алекс Родригез, една од најславните светски двојки, папараците ги следат во чекор, а нивниот телохранител еден фотограф, кој само си ја работел својата работа, го прегазил со џипот.

1062

Џенифер Лопез и Алекс Родригез, една од најславните светски двојки, папараците ги следат во чекор, а нивниот телохранител еден фотограф, кој само си ја работел својата работа, го прегазил со џипот.

Имено, двојката одела на вечера во познат ресторан во западен Холивуд, кога еден папарацо фотограф се обиде да ги фотографира Џеј Ло и Алекс Родригез додека биле во џипот.

Телохранителот на славната пејачка, кој управуваше со возилото, замалку го прегазил, а оваа сцена ја фотографирале неговите колеги. На сето тоа му претходела расправија, а потоа се случил овој немил настан.

Човекот паднал на земја, а неговата нога била покрај гумата на возилото. Она што било шокантно е дека телохранителот, а ниту Џенифер и Алекс не излегле од автомобилот да погледнат дали фотографот е повреден.

За среќа, фотографот не се здобил со посериозни повреди, но претрпел страв. Панталоните му биле уништени, а на нив се гледаат и траги од гумата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...