Си Џинпинг: Кина ја отвора економијата

Во новата ера, социјализмот со кинеска специфичност ќе се развива според четирите основни принципи .

133

Кинеските реформи и отвореност со сигурност ќе доведат до успех, изјави претседателот Си Џинпинг на Азискиот економски форум во Боао, познат како „Кинески Давос”.

– Отворањето води кон напредок, а затворањето – до застој, нагласи Си.

Кина никогаш нема да ги заплашува другите земји и да се обидува да го поткопа постоечкиот меѓународен поредок, уверува Си.

Тој додаде дека Пекинг ќе го брани глобалниот мир и ќе го поддржи меѓународниот поредок. Во новата ера, социјализмот со кинеска специфичност ќе се развива според четирите основни принципи – последователни реформи, активни мерки за стимулирање на развојот, зајакнување на отвореноста и помагање на светот, истакна кинескиот претседател.

– Во современиот светски ред се оформиле трендови, при коишто мирот и соработката се неразделно поврзани и од нив се засегнати сите жители на нашата планета- изјави Си.

– Размислување од времето на Студената војна и игрите со нула резултат (заработува само една страна, а другата губи) веќе се застарени и немаат иднина. Заедничките проблеми можат да се отстранат само преку последователни општи мерки насочени кон поддршката на мирот и развојот и со заеднички акции -рече тој.

Покрај тоа, Кина уште повеќе ќе ги отвори своите пазари, особено во областа на финансиите и осигурувањето, ќе ги елиминира инвестициските ограничувања, ограничувањата во производството и автомобилската индустрија и ќе ги зајакне мерките за заштита на интелектуалната сопственост.

Пекинг не се залага за позитивна трговска рамнотежа и искрено сака да го зголеми увозот и да постигне поизбалансиран меѓународен баланс, додаде тој, ветувајќи дека ќе ги намали царините за увоз на автомобили.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...