Си: Обновувањето на редот во Хонг Конг е најнужна задача

65

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека обновувањето на редот и запирање на насилството во моментов се најгорливата задача за Хонг Конг.

Си рече дека Кина сѐ уште силно ја поддржува шефицата на владата на Хонг Конг Кери Лам во спроведувањето на политиката согласно законите и казнувајќи ги насилниците на протестите.

– Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во однос нао Хонг Конг и е решена да го спроведе принципот „една земја, два система“ -рече Си.

Фото: EPA/JEROME FAVRE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...