Си-Ен-Ен: Асанж ја координирал вмешаноста на Русија во изборите во САД

256

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, за време на својот престој во амбасадата на Еквадор во Лондон редовно се среќавал со хакери и претставници на руски служби, а од амбасадата направил команден центар за „одлив“ на штетни материјали за поткопување на американските избори.

Ова синоќа го соопшти Си-Ен-Ен, повикувајќи се на ексклузивни податоците од „Ју Си Глобал“, шпанска приватна компанија за обезбедување, најмена од Владата на Еквадор.

Се дознава дека Асанж наводно се среќавал со руски хакери и специјалисти за пробив на мрежи од други земји, и многу од тие средби траеле со часови. Некои посетители биле со маскирани лица за да не бидат идентификувани од обезбедувањето, а со некои тој разговарал во женскиот тоалет. Добиените информации тој лично ги симнувал на Интернет, или ги праќал на своите луѓе од „Викиликс“.

Според „Ју-Си Глобал“, активностите со средбите и споделувањето на информации добиени од хакерите за нивно објавување зачестиле во пресрет на претседателските избори во 2016 година.

Така на пример, само во јуни 2016 година, кога цел на кибер напади биле серверите на Демократскиот национален комитет , Асанж 75 пати примил посетители во амбасадата, вклучувајќи и државјани на Русија. Извештајот на фирмата за обезбедување наведува и имиња на посетителите: Некоја Јана Максимова, вработени во телевизијата „РТ“, меѓу кои и Николај Богачихин, раководител на московското биро во Лондон.

Авторите на извештајот подвлекуваат дека „без сомнеж постојат низа докази“ за тоа дека Асанж „бил поврзан со руските специјални служби“.

За потсетување, во амбасадата на Еквадор во Лондон Асанж престојуваше седум години, од јули 2012 година. Во април годинава беше задржан од полицијата откако Еквадор му го одзеде дипломаткиот азил. Суд во Лондон во мај го осуди на 50 неделен затвор поради нарушување на условите за условна пуштање на слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...