Ситуацијата на бугарско-турската граница денеска е мирна, а бугарската Влада тврди дека не ја минал ниту еден илегален мигрант.
Спречени се само спорадични обиди за преминување на границата, пренесува БГНЕС.
– Во моментов ситуацијата е мирна – изјави бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, додавајќи дека е политика на Бугарија е да не се дозволи влегување на мигрантите.
Бугарија во петокот распореди дополнителни трупи на границата со Турција, а Каракачанов најави распоредување на дополнителни 1.000 војници во случај на потреба.
ФОТО: EPA/Borislav Troshev