Елвис Присли последен пат и се поклони на публиката пред повеќе од 40 години, но Кралот сѐ уште живее во срцата на своите обожувачи. Повеќе стотина фанови се качиле на железничката станица во Сиднеј во „Елвис експрес“, воз кој ги носи на фестивалот посветен на музичката легенда.
Облечени во светликави костуми, обожувачите танцуваа во ритамот на хитовите на кралот на рокенролот на главната станица во Сиднеј.
Возот вози до градчето Паркс, околу 300 километри западно од Сиднеј.
Градот кој е познат по радиотелескопот кој во 1969 година помогнал во експедицијата на спуштање на првиот човек на Месечината, секоја година е домаќин на фестивалот на Елвис.
Прв пат бил организиран во 1993 година што се совпаднало со роденденот на Кралот на 8 јануари. Во Паркс се очекува да пристигнат повеќе од 25.000 учесници на фестивалот , што е двојно повеќе од бројот на жителите на тоа градче.
Елвис умре во 1977 година, но неговата легенда живее и надвор од границите на Америка.