Саемот „Купи куќа, купи стан“, почнува утре во трговскиот центар Скопје Сити Мол. Граѓаните ќе можат на едно место да добијат информации од Министерството за финансии, банките кои се во проектот и градежните компании, како да аплицираат за проектот за субвенционирани станбени кредити од државата – „Купи куќа, купи стан“ којшто продолжува и догодина.
Со промените во проектот направени годинава, значително се подобрени условите за да можат граѓаните да дојдат до сопствен дом, со поддршка од државата. Годинава се доделени 97 станбени кредити во износ од 3,6 милиони евра а субвенционирани се 1,1 милион евра. Средства за проектот „Купи куќа, купи стан“ има предвидено во Буџетот за 2020 година.
Саемот ќе трае до 8 декември.