Литванец, кој летал кон Италија бил пријатно изненаден кога видел дека е единствениот патник во Боингот 737-800.
Скирмантас Стримаитис летал од главниот град на Литванија кон италијанскиот град Бергамо. Сакал да отиде на ски одмор , но бил зачуден кога видел дека е единствениот патник во Бопингот 737-800 што има капацитет од 188 патници.
Литванецот имал посебен третман за време на летот, зашто можел да биде послужуван од пет стјуардеси. Освен Стримаитис, во авионот имало и двајца пилоти.