Саманта Фокс (53) во 80-тите години била една од најпосакуваните пејачки на светот, а уште на 16годишна возраст, кога ја започнала кариерата, било јасно дека ќе стане ѕвезда.
Почнала како модел, за во 1986 година да влезе во светот на поп музиката. Саманта се фотографирала за „Плејбој“ во 1996 година, а не крие дека тоа би го направила и денес. Таа, всушност, сака да им докаже на жените дека во стареењето нема ништо лошо.
Сега Фокс ги продава своите работи од времето кога била славна. Заинтересираните може да станат сопственици на градници, корсети, трикоа и дизајнерски фустани кои ги носела токму Саманта, но ни тоа не е сè.
„Парчињата облека доаѓаат со потписот на Саманта и со фотографија која ја потврдува автентичноста на артиклот“, пишува во описот на производот.
Градниците може да се најдат по цени од 100 евра, додека парчињата облека како бикинито кое го Саманта го носела за време на снимањето на шоуто „Јас сум славен“ веќе е продадено за речиси 300 евра.
Во приватниот живот била во љубовни врски и со мажи и со жени, а пред 15 години објавила дека ја сака својата менаџерка Мајра Стратон, со која била до нејзината смрт.
ФОТО: Профимедиа