Сите Германци наскоро би можеле да бидат потенцијални донори на органи

63

Германскиот министер за здравство Јенц Шпан, настојувајќи да се избори со недостиг на донори на органи, предложи денеска реформа која повеќето граѓани, односно оние кои не се спротивставуваат директно, би ги направила потенцијални донори.

Лекарите во Германија моментно можат да вршат трансплантација на органи само од оние луѓе кои се регистрирани и имаат дарителска картица.

Според новиот предлог, сите граѓани ќе бидат евентуални донори, освен ако официјално не изјават дека тоа не го сакаат. Роднините, исто така, можат да кажат дека починатото лице не сакало да биде донор.

Шпан наведе примери во 20 други земји на ЕУ, кои имаат слични здравствени системи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...