Сириското Министерство за надворешни работи денеска го осуди планот на Турција за упад на североистокот на Сирија и тој чин го нарече „грубо прекршување“ на меѓународното право и истакна дека на тоа ќе одговори со сите средства.
Во соопштението, пренесено од американските медиуми, сириското МНР обвини одделни курдски групи за актуелните случувања во тој дел од земјата, кои кажале дека користеле помош од наводниот „американски проект“.
Министерството наведува дека Сирија е подготвена да„ ги прифати своите заблудени синови доколку се вратат“, алудирајќи на проамериканските курдски борци.