Сирија тврди дека открила „лабораторија за отрови на терористите“

Снимката, што трае осум секунди, е пропратена со текст „утро на отпорот“. 

178

Сириската армија соопшти дека во населбата Афтарис во реонот на Источна Гута, што до неодамна беше под контрола на бунтовниците, открила „лабораторија на терористите за производство на отровни супстанци“.

„Во текот на операцијата за прочистување на областа на Источна Гута, пронајдена е лабораторија на простанатите терористички организации во Афтарис, опремена за производство на сите видови отровни супстанци. Во неа е пронајдена разновидна опрема неопходна за процесот на создавање и мешање на супстанци за производство на забрането оружје““, се наведува во соопштениеото на сириската Армија.

Под обвинение дека сириските владини сили извршиле напад со хемиско оружје во местото Дума на 7 април, рано изутринава САД, Велика Британија и Франција извршија ракетни напади врз цели во Сирија.

По денешната сојузничка акција, сириската државна телевизија објави снимка на која се гледа како претседателот на Сирија, Башар ал-Асад доаѓа вообичаено на своеото работно место, само неколку часа по нападите.

Снимката, што трае осум секунди, е пропратена со текст „утро на отпорот“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...