Две неиспукани крстосувачки ракети од нападите на САД, Британија и на Франција врз цели во Сирија на 14 април се пронајдени од сириската армија и предадени на Русија, изјави извор од Министерството за одрбана на Сирија за ТАСС.
– Сириски војници пронајдоа две крстосувачки ракети кои не ескплодирале при нападите на САД. И двете ракети се предадени на руските војници, изјави изворот и додаде дека ракетите вчера биле пренесени со авион во Русија.
Руската страна не ја потврди информацијата. Според руското Министерство за одбрана во нападите биле испукани вкупно 103 ракети, а сириската противвоздушна одбрана соборила 71 од нив.
EPA-EFE/US NAVY/MC1 THERON J. GODBOLD