Сириските бунтовници го предаваат тешкото оружје на властите

Документот предвидува прекин на огнот, враќање на државните институции во регионите кои беа под контрола на бунтовниците и предавање на големото и средно оружје од страна на бунтовниците.

187

Сириските бунтовници денеска почнаа на властите да им го предаваат своето тешко оружје во јужниот град Дара, според договорот од 6 јули за разоружување на демонстрантите, објави официјалната агенција САНА.

Силите на Дамаск денеска од бунтовниците добија тешка муниција и други материјали, а операцијата ќе продолжи се додека не се предаде целото оружје.

Владата на Башар Асад и неговите руски сојузници успеаја со брза офанзива, која почна на 19 јуни,  да ги поразат бунтовниците во регионот. Бунтовниците се согласија на властите да да им го предадат градот Дара и потпишаа договор за „помирување“.

Документот предвидува прекин на огнот, враќање на државните институции во регионите кои беа под контрола на бунтовниците и предавање на големото и средно оружје од страна на бунтовниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...