Синот на Трамп ќе сведочи за своите контакти со Русија

33
Photo: EPA / JIM LO SCALZO

Комисијата за разузнавање при американскиот Сенат го повика на сведочење Доналд Трамп помладиот, еден од синовите на американскиот претседател, за да одговори на прашањата за своите контакти со Русија, тврдат два извори од Конгресот.

Како што пренесува Хина, Комисијата сака Трамп помладиот да го праша за сведочењето пред правосудната сенатска комисија во септември 2017 година, кое е во спротивност со некои подоцнежни јавни сведочења на Мајкл Коен, поранешниот личен адвокат на американскиот претседател.

– Како што кажав, знаев за тоа, но повеќето од сознанијата ги добив за време на сослушувањето за таа тема во текот на изминатите неколку недели – изјави тогаш Трамп помладиот на прашањето за опсегот на својата вклученост во планот за изградба на Кулата Трамп во Москва.

Коен, пак, во сведочењето пред Комисијата за надзор при Претставничкиот дом, изјави дека членовите на семејството Трамп ги запознал со информациите за московскиот проект „Кула Трамп“ „околу десет пати“, а меѓу нив биле и Трамп помладиот и неговата сестра Иванка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...