Синдикатот на „Фени“: Тасева да се откаже од застапување на интересите на „Кунико“

„Загрижени сме од информациите дека токму госпоѓата Тасева се нудела како правен претставник и помагател на една од компаниите кои се вклуени во процесот на стечај за надомест од 50.000 евра и дополнителни средства по постапката“, пишува во писмото.

603

Синдикалниот одбор на „Фени Индустри“ во отворено писмо до претседателката на  Транспаренски интернешнал – Скопје, Слаѓана Тасева, ја повикуваат да се откаже од застапување на интересите на „Кунико Ресурсис“ и од ревизија на стечајната постапка.

Според нив, токму „Кунико Ресурсис“ е виновсник за лошата состојба во компанијата која соведе до покренување на стечајната постапка.

„За нас е навистина нејасно, како една личност, во случајот г-ѓа Слаѓана Тасева која претставува светска реномирана органиазација од коај се очекува да се стави себе и организацијата која ја претставува, во служва на граѓаните, може да зазаме страна и да постапи по претставка без да направи вистинска проеверка на фактите и податоците, да мнипулира со информации, а да пласира дезинформации и згора на се, оваа личност да одржува прес-конеренција на која изразува неиздржани обвиненија, со што директно ги загрозува нашите работни места, го валка угледот на државата и институциите, но според нас, всушност нанесе најголема штета на репутацијата на Транспарени Интернешнл, ставајќи ја целата организација во функција на нечии лични, но и нечесни интереси“, пишува во писмото.

Синдикалците од „Фени“ и забележуваат на Тасева дека покрај другото се обидела да биде и правен застапник на фирма која е вклучена во постапката за стечај.

„Загрижени сме од информациите дека токму госпоѓата Тасева се нудела како правен претставник и помагател на една од компаниите кои се вклуени во процесот на стечај за надомест од 50.000 евра и дополнителни средства по постапката“, пишува во писмото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...