Синдикатот на Клинички со поддршка за предупредувачкиот штрајк на СОНК

63

Синдикатот на Клинички центар соопшти дека го поддржува предупредувачкиот штрајк на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК.

– Суштински елемент за формирање на квалитетен кадар се стручни и посветени на својата работа просветни работници. Само стручен и мотивиран просветен работник може да создаде правилно формирани професионалци во работата. Одговорна Влада која се стреми кон систем сличен на високоразвиените демократии, треба да го реализира своето ветување и програма, и соодветно, а не со непристојни предлози да ги вреднува оние кои се одговорни за создавање на здрава и образована нација, стои во соопштението од Извршниот одбор на Синдикатот на Клинички центар.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...