Мултиетничкиот синдикат на образованието (МЕСО) и раководството на рудникот „Саса“ вчера ги почнаа преговорите.
Од двата преговарачки табори се очекува процесот да заврши со конкретен договор од кој ќе бидат задоволни вработените и кој истовремено ќе и овозможи на компанијата да продолжи со својот натамошен развој, од што придобивки ќе имаат сите, вклучувајќи ја и пошироката заедница.
Притоа, од претставниците на менаџменот на рудникот уште еднаш е нагласено дека тие остануваат подготвени отворено да разговараат за сите потреби на вработените во „Саса“, но исклучиво според одредбите и процедурите од Законот за работни односи и останатите законски прописи од оваа област.