Сингапурските научници откриваат: печурките го подобруваат помнењето

Во истражувањето било обрнато големо внимание на шест видови печурки кои се консумираат во Сингапур, но кои се вообичаени и во нашата домашна кујна. Станува збор за шампињони, буковки, шитаке, а предвид биле земени печурките во свежа, сушена и конзервирана состојба.

272

Тим од научници од Универзитетот во Сингапур шест години спроведувал истражување за влијанието на консумирањето на печурки врз мозокот на постарите лица. Во истражувањето учествувале повеќе од 600 испитаници постари од 60 години.

Резултатите покажале дека постарите лица кои консумираат повеќе од две стандардни порции печурки неделно, можат да имаат дури 50 проценти намален ризик од развој на благ когнитивен дефицит. Ова пореметување го карактеризира помала пречка на когниција како што е заборавливост, но и благо пореметување во говорот, концентрацијата и снаоѓањето во просторот, меѓутоа, овие симптоми не влијаат значително на секојдневните активности на личноста.

Но, кај лицата со благ когнитивен дефицит постои зголемен ризик од развој на деменција, особено Алцхајмерова болест.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...