Симфониски концерт за деца „Сонот на играчките“ во Филхармонија

235

„Сонот на играчките“ е насловен симфонискиот концерт за деца кој Македонската филхармонија ќе го изведе денеска од 11 часот. Ќе го водат двајца млади македонски диригенти – Виктор и Елена Митревски, кои се активни на европските музички сцени.

На концертот ќе има и аниматор, а ќе бидат изведени дела од Дебиси, Григ, Понкиели,
Моцарт, Бизе, Елгар.
 „Сонот на играчките“ е музичка приказна за две деца, брат и сестра, кои сонуваат да станат славни диригенти, а во остварување на сонот им помага волшебник.  Во улогите на двете деца се, всушност, диригентите Виктор и Елена.
„Во нарацијата концертот содржи многу хумор, како и едукативни елементи кои ќе им помогнат на децата преку смеа да се запознаат со класичната музика, инструментите, како и улогата на диригентот“, информира Филхармонијата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...