Продуцентската компанија „Фокс“ би можела да донесе одлука за прекин на снимањето на популарната анимирана серија „Симпсонови“, како резултат на нејзiното спојување со „Дизни“.
Како што објави „Индепендент“, со спојувањето на двете продуцентски куќи, „Фокс“ ќе нема право на приходи од лиценцата на „Симпсонови“, со што ќе треба сам да го финансира натамошното снимање на серијата.
Во моментов се емитува 30-тата сезона од серијата „Симпсонови“, од која досега се снимени вкупно 663 епизоди.
„Вараети“ посочува дека последниве неколку години серијата почнала да остварува загуби, поради што нејзиното снимање се финансирало од средствата од наплата на лиценцата.
Поради ова, според магазинот, „Фокс“ најверојатно ќе нема друг избор, освен да го премине снимањето на серијата.
„Вараети“, сепак, наведува дека не е исклучено снимањето на серијата да го преземе „Дизни“ и „Симпсонови“ да почнат да се емитуваат на најавениот стриминг сервис „Дизни+“.