Материјална штета предизвика силната експлозија што се случи кусо по 2 часот по полноќ во пристанишниот град Пиреас во поширокиот регион на Атина.
Грчките медиуми, повикувајќи се на очевидци објавуваат дека пред објектот во кој се сместени во поголемиот број адвокатски канцеларии, застанал автомобил, едно лице излегло, го оставило експлозивниот механизам, а потоа возилото се оддалечило со голема брзина.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, од експлозијата нема повредени лица, предизвикана е материјална штета, а грчката полиција работи на расчистување на случајот.
ФОТО: Твитер