Силна експлозија на автомобил-бомба во Кабул

44
ФОТО: EPA/JAWAD JALALI

Најмалку девет лица се повредени во денешната експлозија на автомобил-бомба, детонирани во Кабул во близина на една невладина организација.

Портпаролот на Министерството за здравство информира дека сите повредени веднаш се пренесени во болница.

– Можам да потврдам експлозија во областа Шар-е-Нав во Кабул. Ги проверуваме деталите, изјави Фердавс Фрамурц, портпарол на градските полициски сили.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими истакна дека во областа има и спорадични истрели од огнено оружје.

Портпаролот на Талибанците Забихула Муџахид потврди дека цел на нападот била канцеларијата на невладина организација, која главно соработува со УСАИД во Авганистан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...